Без вода утре неколку улици во Гази Баба

282

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека утре поради изведување на реконструкција на водоводна мрежа на улицата Благоја Стефковски и поради промена на затворач DN – 350 mm., на улицата Благоја Стрефковски со улицата Карл Либнехт,  прекинато водоснабдување ќе имаат жителите по улиците Карл Хрон, Карл Либнехт, Темко Попов, Анри Барбис и дел од улицата Благоја Стефковски во периодот од 22 часот, па се до нивно санирање. Ова го соопшти Центарот за управување со кризи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...