Без вода утре од 09 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, зградите во близина на Неуромедика и улица Црвена вода, во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 мм, на булевар Партизански одреди број 38.