На влезот во акушерското одделение во Општата болница во Струмица истакнато е известување на кое пишува дека пациентките кои доаѓаат таму да се породат, со себе задолжително мора да понесат со себе Извод од матичната книга на венчаните.
Фотографија од ова известување деновиве се споделува по социјалните мрежи и предизвика реакции кај граѓаните. Дали немажените струмичанки ќе може да се породат овде или ќе треба да бараат друга болница?