Основачот на Амазон, Џеф Безос планира да потроши 10 милијарди долари од сопственото богатство за да помогне во борбата против климатските промени.
Најбогатиот човек на светот објави на Инстаграм дека од ова лето ќе почне да дава стипендии на научници, активисти и непрофитни организации кои сакаат да ја заштитат Планетата.
– Сакам да соработувам со други за да се прошират веќе познатите начини и да се истражат нови во борбата против катастрофалните последици од климатските промени – нагласи Безос.
Тој додаде дека својата нова инцијатива ќе ја нарече „Bezos Earth Fund“.