Безос и по разводот остана најбогат во САД

Тој годинава има помалку 46 милијарди долари споредено со лани поради разводот со сопругата Мекензи на која ѝ префрли една четвртина од акциите на својата компанија.

1053
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Џеф Безос, извршниот директор и основач на компанијата „Амазон“, чие богатство достигна 114 милијарди американски долари и годинава е прв на листата најбогати американци на „Форбс“. Тој годинава има помалку 46 милијарди долари споредено со лани поради разводот со сопругата Мекензи на која ѝ префрли една четвртина од акциите на својата компанија. Со овие пари таа се вброи во најбогатите на листата „400“ на „Форбс“, со богатство од 36,1 милијарди долари.

Покрај поранешната сопруга на Безос  која е на 15. место на листата има и други новопечени милијардери. Меѓу нив е и  Јулија Кох, со 41 милијарда долари која  е на 13. место, Тим Свини, чија компанија ја создаде мегапопуларната компјутерска игра „Фортнајт“ е на 150. место со нето вредност од 4,5 милијарди долари, и Орландо Браво, 287 со три милиони долари, кој е првиот милијардер роден во Порторико.

Според листата на „Форбс“ 66,6 отсто од милијардерите сами го заработиле своето богатство, додека 63,5 отсто се основачи на своите компании.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...