Беживотно тело на возрасно машко лице попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, во близина на месноста Канео во Стариот дел на градот.
Случаен минувач го забележал телото по што ги информирал службите, кои само ја констатирале смртта. Полициската истрага ќе ги утврдува идентитетот на лицето, како и околностите и причината за настапувањето на смртта.