Бездомник пронајден мртов во објект на поранешна сендвичарница, идентитетот не ѝ е познат на полицијата

944

Вчера попладне скопската полиција добила пријава дека во објект на поранешна сендвичарница на улицата „Дрезденска“ во Скопје било пронајдено починато лице.

Како што е наведено во полицискиот билтен, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а идентитетот на лицето не е познат. Се претпоставува дека се работи за бездомник бидејќи во објектот имало импровизиран кревет.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и по наредба на Јавниот обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...