Безбедната претпоставка е дека возачите не даваат предност

1356

Враќајќи се од вечерна прошетка низ улиците на Дебар Маало, уште еднаш се уверуваме колку се опасни стрелките кои покажуваат „зелено“за лево или десно, за автомобили кои им го сечат патот на пешаци кои минуваат на „зелено“.

Пред неколку години напишав дека таквите стрелки треба да се отстранат и точно да се знае кога се оди или вози („зелено“) и кога се стои (црвено). Треба, имено, да се појде од безбедната претпоставка дека возачите нема да им дадат предност на пешаците и дека ќе ги изгазат и така да се регулираат пешачките премини. Токму онака како што е направено за возилата и за пешаците во големите градови во светот: кога е „црвено“, стој, кога е „зелено“ оди. Просто и безбедно.

Придружувајќи се на апелот на Ван Хојт за стриктно ограничување на брзината на 50 километри, го обновувам мојот апел објавен во Плусинфо пред неколку години, за опасните стрелки кои создаваат хаос на крстосниците и ги изложуваат пешаците на големи опасности. И, да, колите конечно треба да се отстранат од тротоарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...