БЕГ: Управата на „Стив Наумов“ е виновна што нема парно во Домот

176

Во моментов студентскиот дом „Стив Наумов“ нема централно греење поради дефект во внатрешната инсталација, чие одржување согласно важечката регулатива е обврска на управата на домот. Сѐ додека управата не го среди овој проблем во внатрешната инсталација БЕГ не е во можност да испорача топлинска енергија, велат од БЕГ.

Оттаму соопштуваат дека нивни екипи пред почетокот на грејната сезона навреме извршиле проверка на топлинската станица на Студенскиот дом Стив Наумов, при што било констатирано дека таа е технички исправна за преземање на топлинска енергија од централниот систем за греење.

„Студентскиот дом Стив Наумов е во групата објекти кои не ја подготвија внатрешната инсталација согласно обврските за почеток на грејната сезона, за што навреме ја информиравме јавноста.

Со оглед на фактот дека се работи за студентски дом каде се сместени голем број студенти, БЕГ како општествено одговорна компанија е секогаш подготвена со своите стручни екипи да даде поддршка на управата на домот за надминување на овој проблем“, се додава во соопштението од БЕГ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...