БЕГ му порача на Шилегов: Се подготвуваме за новата грејната сезона

459

Компаниите во состав на БЕГ (Балкан енерџи груп) АД се деловни субјекти кои поседуваат важечки лиценци за производство, диструбуција и снабдување со топлинска енергија на територија на градот Скопје, реагирираат од компанијата на изјавата на скопскиот градоначалникот Петре Шилегов.

„Согласно обврските кои произлегуваат од овие лиценци, издадени според важечката законска регулатива и подзаконските акти, од страна на државната Регулаторна комисија за енергетика, компаниите во состав на БЕГ АД: Производство на топлина – Балкан енерџи, Дистрибуција на топлина – Балкан Енерџи и БЕГ-Снабдување со топлина, функционираат редовно и согласно на своите деловни и оперативни планови ги реализираат сите планирани зафати, како и непоходните ремонти и подготовки на системот за грејната сезона 2018/2019.

Сите наши активности се одвиваат во согласност со законите на Република Македонија и согласно со одредбите на важечките лиценци, па оттука ние продолжуваме со нашите активности за подготовка на новата грејната сезона, во интерес на потрошувачите“, велат од БЕГ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...