Во полициска станица Струмица вчера било пријавено дека истиот ден во 11.20 часот на место викано „Дарван“, општина Босилово, вработени во шумската полиција Струмица го затекнале О.Ф.(19) од село Старо Балдовци при бесправна сеча на огревни дрва со патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки.
Тие со возила го блокирале патот за да спречат бегство на О.Ф. со возилото „Ауди“, но тој во два наврати со неговото возило тргнал накај вработените во шумската полиција и удрил во службените возила, а една вработена во шумската полиција се здобила со повреди и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.. Огревните дрва биле одземени, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.