Бебиња во Шпанија наеднаш развиле „синдром на врколак“

Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Аемпс) веднаш ги испитала случаите и открила дека сите се поврзани со лек препишан од лекар за третман на рефлукс кај децата.

478

До сега 17 деца во Шпанија развиле „синдром на врколак“ со засилен раст на влакната на телото и косата, откако добиле погрешен лек.

Децата добиле лек што содржел елементи за лекување на алопеција (губење на косата), наместо лек за проблеми со варењето. Вкупно се пријавени 17 случаи и тоа во Кантабрија, Валенсија и во Гренада, пишува Би-би-си.

– Челото, образите, рацете, нозете и дланките на син ми беа покриени со коса. Беше прилично застрашувачко – сведочела една мајка.

Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Аемпс) веднаш ги испитала случаите и открила дека сите се поврзани со лек препишан од лекар за третман на рефлукс кај децата. Се смета дека ја содржи состојката омепразол, и се покажа дека е составена од миноксидил што го стимулира растот на косата. Во извештајот објавен на веб-страницата на „Аемпс“, тие напишале дека лекот бил дистрибуиран од фармацевтски компании во регионот Малага.

Првите случаи биле пријавени во јули и производот веднаш е повлечен од пазарот.

Шпанското Министерство за здравство завчера објави дека лекот бил етикетиран погрешно и бил заменет со лек за проблеми со желудникот поради „внатрешна грешка“. Центарот за дистрибуција на лекови е затворен сè додека не заврши истрагата.

Се очекува дека децата целосно ќе закрепнат во рок од неколку недели, сè додека целиот вишок коса не им падне.

Една мајка изјави за шпанскиот весник „Ел Мундо“ дека почнала да паничи кога на нејзината 22-месечна ќерка почнале да и растат влакна на лицето. Таа веднаш се јавила кај педијатарот, кој ѝ рекол дека детето пие сируп со омепразол.

Ангела Солес раскажа за весникот Ел Паис дека на нејзиниот син Уриел, на возраст од шест месеци, почнале да му растат влакна по целото тело, но најистакнати биле веѓите „дебели како кај возрасен“.

„Беше страшно затоа што немавме идеја што се случува со него“, рече Ангела, додавајќи дека Уриел во тоа време пиел од истиот сируп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...