Во воз со голема брзина Те-Же-Ве, што сообраќаше на линијата меѓу Стразбур и Париз, се роди бебе, јави дописникот на МИА.
Бебето е родено во возот “Уиго”, број 7693, објави француската железница СНЦФ. „Уиго“ е Те-Же-Ве воз со ниска цена на билетите.
– Шефовите на екипажот на „Виго“, со помош на сестра акушерка и лекар, кои биле во возот, присуствувале на ова пристигнување на свет со голема брзина, наведува компанијата во соопштението.
Мајката и детето, по име Килијан, биле згрижени на станицата Моз.
СНЦФ испрати „искрени честитки до мајката“, а на малиот Килијан му подари бесплатен превоз со „Уиго“ низ цела Франција, се додека не наполни 18 години.