Бебе се родило два месеци по братчето

110

Во северна Италија се случи една ретка ситуација кога близначиња се родиле во временски интервал од два месеци.

Имено, Алесандро се родил предвремено на 24 декември 2018 фодина во шестиот месец од бременоста, а пак Андреа се родила во осмиот месец, на 22 февруари годинава.

– Мајката и бебињата се добро и ќе излезат од болница за неколку дена. Ова кај нас се случува првпат – изјави раководителот на Фондацијата за дете и мајка во градот Монца.

Така, близначињата ќе го слават роденденот во различен месец и различна година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...