Бебе се бори за живот, бројот на жртвите во Магнитогорск се искачи на 16

172

Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Повеќе од 20 луѓе се уште се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември.

Експлозијата предизвика уривање и оштетување на 48 станови во станбениот блок.

Единаесетмесечно бебе, кое по 36 часа било извлечено од под рушевините, било однесено со авион во болница во Москва, пренесува „Курир.рс“.

Таткото на бебето бил на работа, а мајката му се јавила и му кажала за настанот. Таа успеала да се спаси заедно со тригодишниот син.

Бебето успеало да преживее толку време на температури под нулата, а таткото тоа го нарекол „новогодишно чудо“.

ФОТО: Профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...