Светски познатата пејачка, Бебе Реџа пристигна во Албанија. Прво посети семејство во Бубќ, една од најпогодените зони од катастрофалниот земјотрес, а потоа заедно со претседателот Илир Мета и селото Биз Ишем.
Во изјава за медиумите во Бубќ таа истакна дека ќе остане во Албанија само неколку часа поради обврските, нагласувајќи дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа.
Таа вети изградба на две куќи и помош за санација на училишта.
– Целта на моето доаѓање е да придонесам во подигнување на свеста преку светските медиуми и да обезбедам поголема помош за земјата и да најдам најдобро решение за парите што ги собравме. Не заборавам од каде доаѓам или колку популарност имам. Во моите вени тече албанска крв. Ние сме синови и ќерки на Мајка Тереза. Ќе изградам две куќи, ќе помогнам во реконструкција на училишта. Тука сум за да им помогнам на Албанците – истакна Реџа, изразувајќи благодарност до сите кои помогнале.
Бебе Реџа заедно со претседателот Илир Мета посетија семејство во Биз Ишем.
Заблагодарувајќи се на Бебе за нејзиниот придонес, Мета рече дека „само преку солидарност ќе ја надмнеме оваа тешка состојба“.
Познатата Бебе Реџа е родена во Дебар, Северна Македонија. Татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар.