Бебето на 19-годишната девојка од струмичко која во саботата се породила дома е пронајдено мртво, соопштија од МВР во дополнително соопштение откако во вчерашниот билтен немаше информации за новороденчето.
„Лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. При преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување и ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче“, соопштија од полицијата.
На телото ќе е прави обдукција, а земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска.