Бебето има 17 месеци, а родителите ни на најблиските роднини не го откриваат полот

1881

Пар од Велика Британија решил да не го открива полот на нивното новородено дете, па и сега кога бебето има 17 години дури и најблиските роднини не знаат дали е машко или женско.

Мајката Хобит Хамфри и таткото Џејк Џонс нивното дете го крстиле со неутрално име – Ануш и го облекуваат и во машка и во женска гардероба. На пријателите и роднините, родителите им инсистираат да му се обраќаат на бебето во трето лица, а една од бабите признала дека го дознала полот дури кога бебето имало 11 месеци додека му менувала пелени.

Родителите одлуката да го кријат полот ја оправдуваат со тоа дека сакаат да ја спречат родовата пристрасност. Изјавиле дека нивното дете само треба да си одлучи на кој пол припаѓа и во кое лице сака да му се обраќаат.

– Ние не сакаме да го ставиме детето во калап, сакаме да биде свое – велат тие.

Мајката смета дека во најголем дел родовата пристрасност се случува несвесно.

– Кога забременив разговаравме како да го ублажиме тоа. Сфативме дека единствен начин е да не им кажеме на луѓето кој пол е нашето бебе. Сакаме тоа да биде тоа што е, а не некој да му кажува дека розевата боја е за девојчиња, сината за момчиња или дека не смее да си игра со кукли затоа што тоа не е за момчиња. Само сакаме да го заштитиме од тоа – изјавила мајката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...