Тенка е линијата помеѓу порно и филмската индустрија, бидејќи многу филмови прикажуваат експлицитни секс-сцени. Постојат многу светски sвезди кои ги започнаа своите кариери глумејќи во еротски филмови, меѓутоа, помалку се оние кои од филмската кариера поминале во порно-индустријата. Кога останале без пари и понуди за филмови и серии, тие одлучиле дека која било работа, е добра работа.
Мејтленд Вард (43)
Мејтленд ја започна својата кариера во серијата „Смели и убави“, во која ја глумеше Џесика Форестер од 1994 до 1996 година. Таа е најпозната по улогата како Рејчел Мекгиер во серијалот на „Дизни“ – „Момчето го запознава светот“. Снимањето на серијалот заврши во 2000 година, а на почетокот на 2013 година, Мејтленд започна да објавува голи фотографии на Снепчет и на Инстаграм. Затоа, таа привлекла многу следбеници. Минатата година, таа објави на Инстаграм дека ќе глуми во еротскиот филм „Вози“, а многумина ја нападнаа за драстична промена во кариерата.
По кратко време, поранешната актерка започна посериозно да работи како порно-ѕвезда.
– Отсекогаш сум бил егзибиционист, така што секогаш ме привлекуваше кон тоа – рекла Мејтленд.
Дастин Дајмонд (43)
Дастин глумеше во серијалот „Ѕвончето како спас“, но по серијата остана без пари и се сврте кон снимање еротски филмови. Тој го сними филмот „Screeched“, а во една емисија објасни дека се согласил со тоа затоа што слушнал дека славната и богата наследничка Парис Хилтон на тој начин заработила 14 милиони долари. Како и да е, тој на крајот зажалил што отишол по тој пат за да заработи пари.
Џејми Фоксворт (40)
Таа ја започна својата кариера на петгодишна возраст како модел, а неколку години подоцна ја глумеше Џуди Винслоу, најмалото дете на семејството Винслоу во серијата „Под ист кров“. Тогаш го живеела холивудскиот сон, но нејзината детска слава не траела долго. Таа беше отпуштена во третата сезона, а нејзиното семејство немаше пари.
Неколку години подоцна, таа започна да снима експлицитни секс-сцени со други актерки.
– Тоа беше лесна заработувачка за мене. Бев многу наивна и пиев многу – рекла Џејми.
Кели Мекарти (50)
Кели имаше ветувачка кариера. Таа беше sвезда на „Дизни“, се појавуваше во серии како „Беверли Хилс“, „Мелроуз плејс“, „Страст“… Но, таа се сврте кон порно-индустријата кога „Страст “ престана да снима.
– Уживам да глумам и го сакам сексот, така што ова беше совршена можност да ги комбинирам моите две страсти – рекла Кели.
FOTO: Instagram/PIXSELL