БДП забележа раст од 3,1 отсто во вториот квартал

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69,6 отсто.

171

Бруто домашниот производ во второто тримесечје од годинава бележи раст од 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал годинава БДП имаше раст од 0,1 отсто.

Во второто тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 13,9 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 12,7 отсто и стручни, научни и технички дејности, ддминистративни и помошни услужни дејности од 4,5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69,6 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...