БДП во последниот квартал лани со раст од 3.4 отсто

187

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2019 година е 3.4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8.1 отсто, Ѓ – Градежништво од 6.7 отсто и С – Информации и комуникации од 5.7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3.5 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62.9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 0.8  отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5.1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...