Нури Бајрами, кој денеска и официјално од Собранието е избран за член на новата Аниткорупциска, е баџанак на претседателот на Парламентот, Талат Џафери.
Информацијата за НОВА ја потврдил и Бајрами, кој смета дека роднинската врска со Џефери нема да влијае врз неговата работа.
– Нема шанси, нема да потклекнам на никакви притисоци и ќе се борам со секаков вид на корупција, и со високата – рекол Бајрами.