Баџанокот на претседателот на Собранието, Талат, Џафери, Нури Бајрами, кој беше избран за член на новата Аниткорупциска на денешната седница на комисијата е избран и за заменик-претседател на ова тело.
Тој изјави дека изборот бил случаен и повика прозивките за запрат, шоуто да заврши и да се фатат со работа.
Бајрами ќе биде заменик шест месеци, а потоа по принцип на ротација на таа позиција ќе биде избран друг член.
На дневен ред на денешната седница се и Предлог одлука за овластување на потписници на сметката на ДКСК, активностите во врска со надлежноста на ДКСК за следење на законитоста на финансирањето на изборната кампања и информацијата за обезбедување на материјално – технички услови за функционирање на ДКСК.