Бајрам: Подобро ВМРО-ДПМНЕ мене да ме избереше за претседател, отколку Мицкоски ВИДЕО

5288

Јас морам отворен да бидам према цела јавност и не треба многу прашина да дигаат затоа што зад добар коњ добра прашина се дига, вели Амди Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите во гостувањето на 1ТВ.

– Јас сум политичар толку години и треба сите да сфатат, цела македонска јавност и пошироко, не треба да дигаат многу прашина околу мене затоа што јас сум политичар и знам како треба да се делува и да се работи, прав политичар, кога треба и како треба да настапам, тоа знам, а во интерес на моите Роми јас сум спремен увек во секое доба, морам да видам кој е на власт, јас да бидам со вас – вели Бајрам.

Го гледам патот на Заев. Не верував дека сите во светот ќе го поддржат. Тоа што било, било. Јас му се извинив, вели Бајрам.

Тој вели дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е од негов ранг, тој се чувствува поголем политичар од него.

Подобро мене да ме избереа за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, отколку било кој друг, вели Амди Бајрам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...