Бајден: Силно го поддржувам членството на Северна Македонија во НАТО

187
ФОТО: EPA / DAVID MAXWELL

Поранешниот американски претседател Џо Бајден денеска на Твитер изрази силна поддршка за интегрирањето на Северна Македонија во НАТО, откако завчера Сенатот го ратификуваше Протоколот за членство во Алијансата.

– Силно го поддржувам одобрувањето на членството на Северна Македонија во НАТО од Сенатот. Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа во целина, слободни и во мир и ние треба да ги поддржуваме евроатлантските интеграции во целиот регион – напиша Бајден на својот Твитер налог.

Бајден е еден од кандидатите за американски претседател од Демократската партија.

Тој неодамна изјави дека доколку Доналд Трамп биде реизбран на изборите следната година, НАТО ќе престане да постои.

-Доколку тој (Трамп) повторно биде избран, ви ветувам дека нема да има НАТО… Ќе имаме вистински проблеми, рече Бајден.

ФОТО: EPA / DAVID MAXWELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...