Батлерот на прицезата Дијана има порака за Меган Маркл

3332

Поранешниот батлер и близок пријател на принцезата Дијана, Паул Бурел, проговори за бракот на Меган Маркл и принцот Хари. Според него, очигледно е дека Меган сѐ уште не се снаоѓа во новата улога, а нејзиниот живот стана најгледаната сапуница на светот.

– Меган сакаше да стане дел од кралското семејство. Меѓутоа, знаете како велат, пази што посакуваш, може да ти се оствари. Со титулата на војвотка доаѓаат и лоши работи, целосно ја изгуби анонимноста и прватноста – вели Бурел.

Со оглед на тоа дека вакви драми околу кралсното семејство не се случувале досега, тие немаат развиено методи како да се справат со нив, меѓу кои е и братот на Меган, Томас Маркл кој постојано излегува со скандалозни изјави во јавноста. Според Бурел, тој на кралското семејство и пред сѐ на Меган им нанесува штета, па семејството мора во што поскоро време да се справи со тоа за да се избегнат уште поголеми штети.

Според поранешниот батлер, Меган мора што побргу да роди дете.

– Таа има 37 годиини и верувам дека со принцот Хари работат на бебето. Времето лета, а принцот сака семејство. Верувам дека две деца би му биле доволни на Хари – рекол Бурел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...