Пол Бурел (61), поранешен батлер на принцезата Дајана, на својот профилот на социјалните мрежи сподели фотографија од писмото што му го напишала починатата принцеза. Тој истакна дека преку писмото, таа ја покажала целата љубов што ја чувствувала кон своите синови, но и тагата, затоа што претчувствувала дека ќе им биде тешко да бидат членови на британското кралско семејство.
„Додека Хари, Меган и Арчи почнуваат да градат нов живот, се сетив на зборовите што принцезата Дајана ми ги напиша пред многу години. Тоа се зборови на безусловна љубов што се многу соодветни денес, иако таа ги напиша пред повеќе од 24 години“, напишал батлерот подолу.
Дајана во писмото, тврдат аналитичарите, предвидела дека нешто ќе им се случи на нејзините синови, односно дека ќе им треба огромна сила за сите предизвици.
„Јас ги сакам моите момчиња до смрт и се надевам дека семето што го засадив и понатаму ќе расте и ќе им ја донесе потребната сила, знаење и стабилност“, пишувало во писмото на принцезата.
Од многубројните луѓе кои ги критикуваа и тврдеа дека го уништиле угледот на британското кралско семејство, Бурел беше еден од оние што ја поддржаа одлуката на Меган и Хари за отстапувањето од кралските должности.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин