Австралиската тенисерка, Ешли Барти, ја совлада Германката Јулија Гергес во финалето од турнирот во Бирмингем со резултат 6:3 и 7:5.
За Барти ова е десетти трофеј од ВТА турнирите.
Претходно 23-годишната Австралијка победи на Грен слем турнирот Роланд Гарос и од утре ќе се искачи на првата позиција на ВТА ранг листата каде во моментов се наоѓа Наоми Осака од Јапонија.
Наградниот фонд на турнирот во британскиот град Бирмингем изнесуваше 941.163 долари.