Шпанскиот шампион Барселона сака во јануари да го ангажира српскиот одбранбен фудбалер Бранислав Ивановиќ, објави „Мундо Депортиво“.
Како што е наведено, Каталонците во Ивановиќ гледаат добра замена за повредените Самуел Умити и Томас Вермален.
Покрај српскиот искусен играч, во игра се уште две имиња од Ла Лига, Џен Дакунам од Хетафе и Унај Нуњез од Атлетик Билбао, но предноста е во тоа што Ивановиќ би бил поефтин поради возраста и фактот дека на лето му истекува договорот со Зенит.
Интересно е тоа што Каталонците пред две години посака да го видат Ивановиќ во своите редови, но тој одлучи од Челзи да замине во Русија.
ФОТО: Твитер