Тимот на Барселона ја освои Лигата на шампионите за младинци.
Во финалето во спортскиот центар „Коловраи“ во Нион, младите играчи на Барселона ги победија своите колеги од Челзи со 3:0.
Херој на Каталонците беше напаѓачот од Еквадор, Алехандро Маркез, кој ги реализира првите два гола во мечот. Тој беше прецизен по еднаш во двете полувремиња (33`, 52`), додека Абел Руиз додаде уште еден гол во дополнителното време.
Челзи имаше можности барем за еден гол, особено на почетокот на вториот дел, но топката не влезе во мрежата на Барса.