Шпанскиот фудбалски шампион, Барселона, сака да го продолжи договорот со одбранбениот играч Жорди Алба – објавија тамошните медиуми.
Клубот има намера да му понуди на играчот да го продолжи договорот кој му истекува во лето 2020 година.
За Алба интерес покажуваат и неколку клубови од англиската Премиер лига.
Во тековната сезона, 29-годишниот фудбалер играше 15 натпревари за Барселона и постигна два гола со седум асистенции.