Барселона му го позајмува Кутињо на Арсенал

432
ФОТО: EPA / Alejandro Garcia

Филип Кутињо следната сезона ќе игра за Арсенал, откако топџиите договорија позајмување на една година, пишува францускиот „Л’екипе“.

Кутињо има договор со Барселона до 2023 година и каталонскиот клуб не сакаше да го продаде, но сепак е подготвен да го пушти на „Емирати“ следната сезона.

Кутињо не импресионираше по пристигнувањето во Барселона и се мачеше многу, но остави длабок белег во Англија играјќи за Ливерпул.

Инаку, 27 годишниот Бразилец во јануари 2018 година се пресели во Барселона за 142 милиони фунти, но тоа не се покажа како добар потег.

Арсенал ќе има право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...