Барселона може да се раздели со напаѓачот Антоан Гризман во летото 2019 година, една година по неговиот трансфер на „Камп Ноу“ од Атлетико Мадрид, објави „Le10Sport“.
Според изворите, односите меѓу Французинот и капитенот на Каталонците, Лионел Меси не се добри.
Аргентинецот не е задоволен што Барса го привлече Гризман наместо да потроши пари за враќањето на Нејмар.
Доколку односите на Меси и Гризман не се подобрат во наредните месеци, од „Камп Ноу“ се подготвени да го вклучат францускиот напаѓач во преговорите со ПСЖ за Нејмар.
Оваа сезона Гризман зеде учество на 9 натпревари за Барселона, постигнувајќи три гола и асистираше за уште два.