Барселона до 2021 година очекува приходи од една милијарда евра

101

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона очекува оваа сезона да има 960 милиони евра приходи, а до 2021 година таа сума да биде над милијарда евра.

Лидерите на каталонскиот клуб објавија дека оваа сезона очекуваат рекордни 960 милиони евра приходи и 929 милиони евра расходи, а по плаќањето даноци, на клубот треба да му останат 11 милиони евра профит.

Во минатата сезона Барселона инкасирала 914 милиони евра, а чистата заработувачка била 32 милиони евра.

– Оваа сезона очекуваме поголеми приходи, но планираме и да потрошиме повеќе. Но, она што го работиме никогаш нема да го загрози успешната работа во клубот – изјави портпарол на клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...