Презентацијата на играчот пред медиумите ќе се одржи утре. Најверојатно, тој ќе дебитира при посетата на Жирона на 27. јануари. Пред тоа, Барселона има натпревар против Севиља за Купот, но Боатенг најверојатно нема да влезе во групата за него.
– Жал ми е дека го напуштам Сасуоло, но да преминам во Барса е шанса која доаѓа еднаш во животот. Не ме прашувајте за Реал Мадрид. Сакам да се наметнам во составот и да постигнам гол во следното „Ел Класико“, изјави Боатенг.
Од почетокот на сезоната, искусниот фудбалер одигра 13 натпревари и постигна 4 гола во Серија „А“. Во Шпанија тој го носел дресот на Лас Палмас, а освен тоа во кариерата играше за Херта (Берлин), Тотенхем, Борусија (Дортмунд), Портсмут, Милан, Шалке 04 и Ајнтрахт (Франкфурт).