Баросо: Брегзит најверојатно ќе биде одложен

271

Велика Британија најверојатно ќе го одложи Брегзит и нема да ја напушти Европската унија во март, вели поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, додавајќи дека Унијата најверојатно ќе го прифати барањето за продолжување со цел да се занимава со деталите на тој процес.

– Мислам дека најверојатното сценарио е дека тоа нема да се случи следниот месец. Потребни ни се повеќе подготовки – изјави Баросо, прашан дали Брегзит ќе се реализира на 29 март, како што е планирано.

Тој сега ја извршува должноста на извршен директор на „Голдман Сакс”.

– Дури и ако се постигне позитивен договор, мислам дека од практична гледна точка очигледно е дека многу работи не се подготвени. Сметам дека мораме да дојдеме до некој вид на продолжување и верувам дека ако Обединетото Кралство побара продолжување на спроведувањето на член 50 од Лисабонскиот договор, тогаш земјите-членки на ЕУ природно ќе го прифатат тоа – вели Баросо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...