Барбов: За повеќе од 40 пациенти подостапен лекот „Ocrevus“ за мултиплекс склероза

Минатата година имавме девет пациенти на оваа терапија, а годинава планираме бројот на пациенти да изнесува повеќе од 40, посочи Баров.

148

Универзитетската клиника за неврологија, со поддршка од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, ќе ја зголеми достапноста на лекот „Ocrevus“ за повеќе од 40-тина пациенти, кои боледуваат од мултиплекс склероза. Ова денеска го соопшти директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, на регионалната средба на невролозите од Република Северна Македонија и Косово, што се одржа во организација на Универзитетската клиника за неврологија.

– Покрај споделувањето на нашето досегашно искуство со лекот „Ocrevus“, како една од првите држави во регионот која го користи лекот во редовна клиничка практика, годинава ќе добиеме дополнителен условен буџет за зголемување на достапноста на лекот. Минатата година имавме девет пациенти на оваа терапија, а годинава планираме бројот на пациенти да изнесува повеќе од 40, посочи Баров.

Лекарите од Косово го посетиле Центарот за интравенски третман на мултипла склероза на Клиниката за неврологија, каде пациентите ја примаат интравенската терапија.

Целта на средбата е воведување иновации, унапредување на клиничката практика и подобрување на квалитетот на живот на лицата со невролошки заболувања, меѓу кои е и мултиплекс склероза, како и размена на знаење и искуство.

– Ме радува тоа што сум сведок на еден голем напредок во здравствената заштита на пациентите со мултипла склероза во Македонија од аспект на достапност на терапија и континуирана посветеност на нашите колеги од Скопје кон унапредување на здраствената заштита на пациентите кои страдаат од невролошки заболувања, како што е и мултиплата склероза, посочи неврологот од Приштина, Блерим Муфтиу.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...