Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата

489

Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, прашана во однос на барањата од текстилната индустрија за субвенции за придонеси.

Таа објасни дека на 1 мај заедно со Организацијата на работодавачи била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и дека тие како организација се согласиле и стојат на тоа.

– Текстилниот кластер, кој е само еден дел од Организацијата на работодавачи излезе на прес-конференција. Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот – рече Царовска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...