Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт против едно лице за изнуда бидејќи барал пари од жена за да извади од притвор нејзиниот сопруг.
Во ноември и декември лани, соопшти обвинителството, тој упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи за да го направи тоа.
„За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата“, наведуваат од обвинителството.
Обвинетиот има забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на во судот, а одземен му е и пасошот. Издаена е и наредба да не им се доближува на оштетата жена и уште неколку лица.