Јутјуберката Брук Хаутс тврди дека не малтретира животни, откако објави видео на кое се чини дека го удира и плука нејзиното куче, пренесува „Би-Би-Си“.
На видеото се гледало како нејзиното куче Спинкс скока додека таа се обидувала да сними трик.
Потоа таа му викнала остро „не“ пред да го удри и да го плукне. Крајот на видеото ја прикажало неа како на сила го трга Спинкс.
Потоа видеото било симнато, а повеќе го нема ни нејзиниот Инстаграм профил.
На Твитер блогерката се бранела и им се извинила на сите кои „биле повредени“ од снимката.
Хаутс, која има над 300.000 следбеници, кажала и дека ќе го носи Спинкс на тренинзи.
– Барам начини како да бидам подобра во неговото тренирање – додала блогерката.
По објавувањето на контроверзното видео, таа добила остри критики и од следбеници, но и од активисти за правата на животните кои барале Јутјуб да го симне нејзиниот канал од платформата.
Дури и контроверзниот Логан Пол, кој лани сними безживотно тело, неофицијално стануваше збор за самоубиство, напишал дека тоа што таа го сторила не било во ред.
Американските медиуми пренесуваат дека тим за заштита на животните од полицијата во Лос Анџелес го истражува случајот.
ФОТО: Принтскрин