Банка ја брка Северина поради кредит од 100.000 евра, три месеци не платила рата

Во текот на 2018 година имаше многу настапи низ целиот регион, но не заштедила ништо од заработените пари, вели извор за „Курир.рс“.

1387

Хрватската пејачка Северина Којиќ не е во состојба да ја плаќа ратата за кредит во износ од 2.000 евра месечно, поради што е во проблеми, бидејќи може да остане без станот во Загреб ако банката ја активира хипотеката, дознава српски „Курир“.

– Познато е дека Северина не знае како да располага со парите. Троши повеќе отколку што тоа заработува. Во текот на 2018 година имаше многу настапи низ целиот регион, но не заштедила ништо од заработените пари, па кога дојде време за снимање нови песни и видеа, таа мораше да се задолжи. Пред осум месеци, таа подигна 100.000 евра кредит во една банка во Загреб, а како гаранција го заложи станот. Во првите пет месеци сè беше во ред, таа можеше да ги плаќа ратите, но таа не платипа ниту една рата во последните три месеци. Веројатно немала настапи, па затоа не можела да заработи толку пари, бидејќи таа има уште еден кредит, станбен. Не знам точно колкава е ратата, но се зборува дека е дури 7.000 евра. Главно, таа доби допис од банката во која зема кредит дека ќе ја активираат хипотеката ако не плати сè што им должи во рок од 15 дена – вели извор близок до Којиќ за „Курир.рс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...