Тимот на „Комерцијална Банка“ од Скопје, составен од Миомир Алексовски, Снежана Димовска, Маријан Шамоски и Бобан Нефовски е победник на штафетната трка на македонската општествено – деловна заедница одржана викеднот во Скопје.
Настанот се одржа на кејот на Вардар, кај хотелот „Парк“ во Скопје. Штафетната трка беше со четири измени по два километра во која учествуваа 98 тимови од македонскиот бизнис сектор.
Второто место го освои тимот на домаќините „Фитнес Парк“, додека третото место му припадна на тимот на „Телеком“.
Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Сања Костуранова од тимот на „Фитнес Парк“ кај жените и Александар Кираџие од „Штедилница Можности“ кај мажите.
Ова беше четврто издание на трката, чија главна цел е јакнење на тимскиот дух меѓу врабо-тените во компаниите и нивно поврзување со останатите фирми учеснички во трката.
Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.
ФОТО: МИА