Балотели се вратил во Ница со 100 килограми тежина

259

Напаѓачот на Ница, Марио Балотели ги обновил тренинзите со својот клуб Ница со прекумерна тежина ова лето, пишува француското издание „Л`Екип“. Пред почетокот на подготовките, италијанскиот напаѓач тежел 100 килограми.

Ова е 12 килограми над „работната“ тежина на италијанскиот репрезентативец. Лошата физичка форма на напаѓачот се должи на фактот дека тој немал намера да ја започне сезоната во тимот. Неговиот претходен договор со Ница истекуваше летото 2018 година, но на крајот на јуни потпиша нов едногодишен договор.

Балотели беше повикан и во италијанскиот национален тим за натпреварите од Лигата на нациите со Полска (1:1) и Португалија (0:1). По мечот со Полјаците, Роберто Манчини одлучи да го повлече Балотели за вториот натпревар.

Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...