Балковски од ВМРО-НП за 1.500 евра плата доби функција во Министерството за здравство

3929

Љупчо Балковски, генерален секретар на ВМРО-НП која е под раководната палка на екс премиерот Љубчо Георгиевски пред една недела е поставен за нов раководител на Проектната единица на Банката на Советот на Европа, потврди за „Фокус“, министерот за здравство Венко Филипче. Балковски по професија е архитект.

Тој доаѓа на местото на досегашниот раководител Јован Грповски, кој беше еден од најблиските соработници на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Грповски на ова место беше повеќе од три години и земаше плата од 2.500 евра, но како што тврди Филипче, платите сега се намалени.

Балковски ќе зема плата од 90.000 денари (околу 1.500 евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...