Во пет угостителски објекти од кои два во Тетово и три во Гостивар, синоќа била спроведена полициска акција при што биле затекнати девет странски државјанки од Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина и 24 државјанки на Македонија, кои работеле како танчерки.
МВР соопшти дека танчерките биле приведени и задржани во полициска станица за поматамошна постапка.