Балканот зафатен од урагански ветер

Едно лице е повредено во босанскиот град Мостар, кога врз возилото со кое патувал паданало дрво откорнато од силниот ветер. Повредениот маж е пренесен во мостарската Универзитетска болница и е вон животна опасност.

543

Делови од јужна Босна и Херцеговина и Хрватска, како и Црна Гора и Косово минатата ноќ беа зафетени од силен ветер, што дуваше со брзина и до сто киломатри на час, предизвикувајќи значителни материјални штети.

Едно лице е повредено во босанскиот град Мостар, кога врз возилото со кое патувал паданало дрво откорнато од силниот ветер. Повредениот маж е пренесен во мостарската Универзитетска болница и е вон животна опасност.

Силниот ветер корнел и туркал дрва и столбови во повеќе делови на Херцеговина, предизвкувајќи блокади на патиштата и проблеми во ссобраќајот и оштетувајќи повеќе возила и фасади на објектите, а превртел и еден камион.

Локалните власти на Требиње информираа дека силниот ветер речиси целосно го уништил градскиот парк во овој град на југот на БиХ, а биле однесни и покривните конструкции на повќе куќи и згради.

Силниот ветер беше причина избувнување на неколку пожари во хравтскиот реон на Далмација, во близина на Сплит, Макарска, Солин и Задар.

Само во реонот на Макарска биле регистрирани четири пожари, а утрово околку 5 часот, пожар избувнал и во близина на Солин, каде огнената стихија зафатила борова шума.

Во близина на Сплит пожар избувна синоќа околу 23 часот во месноста Брда, каде огнот зафатил трева и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат во текот на ноќта, а при гаснењето полсено е повреден еден пожарникар.

Помали пожари избувнале и кај местата Нин и Вргорац, во близината на Задар.

Во црногорскиот град Бар пак, силниот ветер урнал скеле поставено за реновирање на еден хотел, но при тоа никој не е повреден.

Црногорските метеоролози информираат дека силниот ветер донел невообичаено студено време за крајбрежните делови на Црна Гора за овој период од годината.

Силниот ветер предизвикал погелми материјални штети и во косовскиот главен град Приштина.

Ветрот предизвикла кинење на кабли на далеководи, поради што неколку косовски села се без електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...