Бали-бег стравува за синот: Мафијаши му се закануваат со киднапирање!

Бурак влегол во проблеми со криминалиците поради луксузната вила што ја купил за 2,5 милиони евра во близина на Истанбул.

622

Турскиот актер Бурак Озчивит (35), најпознат по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, и неговата сопруга Фахрие Евчен (33), пред една година станаа родители на Каран, но во меѓувреме Бурак влегол во проблеми со криминалиците поради луксузната вила што ја купил за 2,5 милиони евра во близина на Истанбул.

– Проблемот настанал кога Бурак дозна дека уште некој е заинтересиран за тој имот и дека цената не му е важна. Бидејќи актерот првиот дел го даде како аванс, другиот купувач остана без куќата. Набрзо се дозна дека другиот заинтересиран купувач е припадник на криминална група и дека нималку не му се допаднало што останал без вилата која по секоја цена сакал да ја има – рекол извор близок на актерот, пишува српски „Стори“.

Лицето, наводно, било бесно и почнало да му се заканува на актерот.

Бурак, наводно, не обрнувал внимание сè додека не започнале да му пристигнуваат закани дека ќе биде киднапиран неговиот едногодишен син. Актерот ја контактирал полицијата и ангажирал приватни телохранители, јавуваат медиумите.

– Верува дека сѐ ќе се реши, но секако дека не му е сеедно. Изнајми телохранители без кои не излегува од дома, а се надеваат дека таа драма што побрзо ќе заврши – рекол извор близок на актерската двојка. Целата ситуација довела до тоа Бурак повторно да посетува психијатар.

ФОТО: Инстагра/Принтскрин/24сата.хр

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...