Славниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт, објавија српските медиуми, поради што е откажан концертот во Крагуевац што беше закажан за вечерва.
Пејачот сега е во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде е хоспитализиран и вградени му се стентови.
Според неколку српски медиуми, Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.