Баерн Минхен синоќа го совлада Хофенхајм со 4:3 во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Германија и ја задржа високата ефикасност. Баварците имаат просек од 3,4 голови по натпревар, откако во ноември на тренерското место дојде Ханс-Дитер Флик.
Германскиот шампион го има најдобриот просечен учинок во петте најдобри лиги во Европа (Германија, Франција, Англија, Италија и Шпанија) за овој период.
Со 54-годишниот тренер, Баерн го одигра 14. официјален натпревар, со биланс од 48 постигнати и 11 примени голови.