Бадникова поворка во Скопје

210

Во Скопје денеска се одржа детска бадникова поворка како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Децата учесници во бадниковата поворка  се собраа на платото пред црквата „Св.Димитриј“, каде се одржа голема божикна манифестација со Божиќен концерт и Божиќна претстава.

Коледарчињата придружувани од нивни родители и блиски, беа пречекани со бадникови чајчиња и колачиња за секое дете. На Божикниот концерт настапија повеќе македонски афирмирани пејачи, како Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а  беше изведена и Божикната претстава „Најдобриот подарок за Божик” од Снежана Коневски – Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.

По завршувањето на манифестацијата пред „Св.Димитриј“ напладне присутните деца ја оформија најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна се упатија кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божикна пештера, беа дарувани и со Божикни пакетчиња.

Според организаторите, Здружението „Бадникови поворки”, денешниот свечен настан кој се одвива под мотото „Празнуваме, се радуваме!“ има за цел, радоста и топлината на Бадник и Божик да ја почувствува секое детско срцe.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...